Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Кој ќе го шутира пеналот: Играме лист, камен, ножички

Двајцата играчи на Андерлехт не можеа да се договорат кој да го изведе ударот од белата точка

Кога двајца соиграчи ќе решат да го изведат пеналот, тогаш најчесто настанува кавга и раздор во екипата. Сепак, во тимот на Андерлехт многу лесно успеаа да го решат недоразбирањето околу одлуката кој треба да го шутира пеналот на дуелот против Остенде.
Иван Сантини и Ландри Димата посакаа да шутираат од белата точка. Кога видоа дека нема да се договорат кој ќе попушти, веднаш решија на детски начин да одлучат. Ги подадоа рацете и ја заиграа популарната детска игра „лист, камен, ножички“. 
На крајот Сантини, со „каменот“ успеа да ги скрши „ножичките“ и излезе како победник во таа игра. Хрватот доби шанса да го изведе пеналот и успешно реализираше во 82 минута за 3:1. На крајот Андерлехт славеше убедливо со 5:2.
Освен победата, играчите на Андерлехт покажаа навистина еден џентлменски начин на договор за тоа кој треба да го шутира пеналот. 

 

Најнови вести