Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2014

Венгер: Во добра позиција сме

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека борбениот дух на неговиот тим бил пресуден во победата над Андерлехт во третото коло на Лигата на шампионите.

„Продолживме да играме и дадовме два добри голови. Имавме дух, ова беше витален натпревар за нас кога станува збор за понатамошен пласман. Во добра позиција сме бидејќи Галатасарај и Андерлехт имаат само по еден бод, ни треба уште една победа дома и ќе се пласираме“, изјави Венгер.
„Топчиите“ со погодоците на Гибс во 89-тата и Подолски во 91-вата минута направија пресврт и дојдоа до триумф.
„Секоја чест на момчињата, не се откажувавме. Не беше лесно да се игра, но не се предававме. Беше тешко, но дојдовме до резултатите коишто ги сакавме, ова е огромна победа за нас“, изјави Гибс.
Арсенал е втор во групата со шест бодови, додека Борусија Дортмунд има девет.

Најнови вести