Корисничко име Лозинка Пријави се
05.11.2014

Венгер: Цело време бевме во опасност

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека неговиот тим цело време бил во опасност да ја задржи предноста од три голови во дуелот со Андерлехт.

Шампионот на Белгија успеа да се врати по водството на „топчиите“ со 3-0, а бод и реми му донесе српскиот фудбалер Александар Митровиќ со голот во последната минута.
„Овој резултат е разочарувачки. Немавме среќа бидејќи нивниот прв гол беше постигнат од офсајд. Имавме недостаток на концентрација затоа што мислевме дека ја завршивме работата. Имавме проблем да го завршиме натпреварот, а генерално, во одбраната бевме многу лоши од првата до последната минута“, изјави Венгер.
„Кога се вратија на 3-2, сакавме да ја вратиме сигурната предност, но можеби не бевме доволно внимателни од таа причина. Кога ќе ги погледнете головите, тоа е така бидејќи лошо се браневме. Во ниту еден момент не помислив дека не сме во опасност бидејќи, едноставно, не бевме добри во одбраната“, додаде менаџерот на „топчиите“.
На прашањето дали е фрустриран или лут поради играта на својот тим, Венгер изјави:
„И едното и другото. Но, мора да бидете реални, Андерлехт е добар тим. Разочарувачки е да завршите вака натпревар, но од два натпревари со нив извлековме четири бодови, а тие играа навистина добро. Ќе видиме дали навистина нема да бидеме на чело на групата, мораме да победиме на следниот натпревар и ќе имаме шанса. Извесно е дека Борусија ќе биде прва, а една од нашите грижи е само да се пласираме понатаму. Уверен сум дека ќе го направиме тоа бидејќи само еден бод ни е доволен“, изјави Венгер.
Борусија Дортмунд веќе обезбеди пласман во следната фаза, по четири кола има максимален скор и 12 бодови, а потоа следуваат: Арсенал со седум, Андерлехт кој има два и Галатасарај само со еден бод.

Најнови вести