Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2014

Андерлехт го отпушти тренерот

Белгискиот шампион Андерлехт го отпушти тренерот Џон ван ден Бром поради лошите резултати, а ќе го замени досегашниот помошник Бесник Хаси.

Ван ден Бром доби отказ два дена по првенствениот пораз од 1-0 од Оуд Хеверле.
Клубот од Брисел моментно се наоѓа на третото место на табелата на белгискиот шампионат, со 12 бодови помалку од водечкиот Стандард од Лиеж.
Хаси е роден на Косово, во Ѓаковица, а играл за Лирија од Призрен, Загреб и Динамо од Панчево пред распадот на поранешна Југославија, додека поголемиот дел од кариерата го помина во Белгија. Тој е поранешен репрезентативец на Албанија, а за Андерлехт играл од 2001 до 2006 година.

Најнови вести