Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2017

Андерлехт ги слави титулата и пласманот во Лигата на шампионите

Со победата против екипата на Шарлроа, вчера Андерлехт успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите и да ја освои шампионската титула на државата.

Андерлехт вчера ја прослави неговата 34-та шампионска титула на Белгија.
Фудбалерите на овој клуб на вчерашното гостувањето славеа против екипата на Шарлроа со 1-3, што беше доволно да ја освојат шампионската титула на едно коло пред крајот. Клуб Бриж беше поразен од Остенде со 2-1, па сега разликата е дури седум бодови.
Андерлехт славеше со головите на Теодорчик (2) и Бруно, а за домашната екипа единствен стрелец беше Бедија во првото полувреме.
Со освојувањето на домашното првенство, Андерлехт стана нов учесник на Лигата на шампионите во наредната сезона.
Ова ќе биде враќање на Андерлехт во Лигата на шампионите по сезоната 2014/15.

Најнови вести