Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2013

Лацио го доведе Лукас Билја

Италијанскиот фудбалски клуб Лацио го комплетира трансферот на аргентинскиот играч Лукас Билја од белгискиот Андерлехт.

„Бјанкочелестите“ преку својата интернет-страница потврдија дека аргентинскиот фудбалер за врска потпиша петгодишен договор со клубот по седум сезони поминати во Белгија. Римскиот клуб за Аргентинецот издвои седум милиони евра.
Билја минатата сезона го предводеше Андерлехт до шампионската титула со четири погодоци и шест асистенции во 27 настапи.
Пред да се пресели во Европа, дефанзивниот играч за врска од 2004 до 2006 година играше за Аргентинос јуниорс и за Индепендиенте.

Најнови вести