Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2018

Серија А: Два гола на Имобиле, Лацио ја прекина црната серија

Екипата на Лацио ја победи Верона со 2-0 во последниот натпревар од 25-тото коло на Серија А.

Лацио се наоѓа во многу лоша форма (три порази по ред), но со овој триумф успеаја да ја прекине таа лоша низа на натпревари.
На „небесно-сините“ ова им беше 15-та победа во домашниот шампионат, додека Верона го претрпе дури 17-тиот пораз.
По првото полувреме немаше голови, додека во следните 45 минути во мрежата на гостите завршија два погодока.
Предност на Лацио му донесе Чиро Имобиле во 56-тата минута, по асистенцијата на Луис Алберто.
Шпанецот и Италијанецот учествуваа и кај вториот гол, заедно со Милинковиќ-Савиќ и Лулиќ.
Се играше 60-тата минута од средбата кога Алберто испрати одличен удар кон Имобиле, тој веднаш му додаде на Сергеј, кој топката му ја испрати на Лулиќ. Ударот на капитенот беше одбранет, но Имобиле истрча кон топката и со глава ја испрати во голот.
До крајот на натпреварот немаше голови, па Лацио дојде до заслужена победа.

Најнови вести