Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Нема понуди за скапиот Милинковиќ-Савиќ

Ако за еден Погба се платија 105 милиони, за СМС треба многу повеќе, вели претседателот на „небесно-сините“

Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, не ја отфрли можноста да го продаде српскиот играч за врска, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но клубот кој ќе сака да го купи овој фудбалер, ќе треба да плати голема сума на пари. Веќе со месеци наназад се шпекулира дека Савиќ ќе си замине од Лацио, и за тоа колку пари ќе добијат римските „орли“ како отштета. 
Како заинтересирани за популарниот СМС се спомнуваат гиганти и богати клубови како Реал Мадрид, ПСЖ, Барселона, во последно време и Милан кој го бара на позајмица, па следното лето да го откупи за 80 милиони. Но, од Лацио ја отфрлаат идејата за позајмица, и нема да прифатат договор кој нема да подразбира плаќање на бараната сума и тоа веднаш и во целост.
„Погба во Манчестер јунајтед замина за 105 плус пет милиони евра. Ако за него се плати толку, тогаш за Сергеј треба повеќе, бидејќи тој е многу подобар и повеќе вреди. Не сум заинтересиран за никакви други варијанти, ниту за позајмица“ – изјави Лотито. 
Но, интересен е и вториот дел од изјавата.
„Чекаме понуди, уште ништо не сме добиле“ – призна Лотито, кој премногу цени фудбалер за кој никој не се интересира. 
 

 

Најнови вести