Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2018

Лацио бара 150 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

За Милинковиќ-Савиќ претходно беа заинтересирани и други европски гиганти, покрај градските ривали од Манчестер, ПСЖ и Реал Мадрид.

Клаудио Лолито, сопственикот на Лацио, побарал 150 милиони евра за трансфер на српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ како одговор на понудата од страна на Јувентус, пренесоа италијанските медиуми.
Еден од најбараните фудбалери на планетата е цврсто врзан со договор со Римјаните до 2022 година, а интерес за него уште претходно покажаа и други европски гиганти, покрај градските ривали од Манчестер, ПСЖ и Реал Мадрид.
Милинковиќ-Савиќ во Лацио дојде 2015 година од Генк, а претходно играше за Војводина, каде што ја помина младинската школа.
Со младинската селекција на Србија беше светски шампион во Нов Зеланд, додека за тимот А одигра само два натпревари.

Најнови вести