Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2017

Судијата под истрага дека го оштетил Лацио

Судијата Пјеро Џакомели се наоѓа под истрага на Фудбалскиот сојуз на Италија поради тоа што имал објавено фотографија со Франческо Тоти на неговиот профил на „Фејсбук“.

Џакомели предизвика контроверзии поради неговите одлуки во поразот на Лацио од Торино бидејќи не досуди пенал за Лацио, а потоа и го исклучи напаѓачот на тој тим Чиро Имобиле.
Подоцна во јавноста се појавија тврдењата дека Џакомели под псевдонимот „Jack O'Melly” имал профил на „Фејсбук“ на којшто имало негова фотографија со Франческо Тоти, легендарниот капитен на Рома.
На судиите им е дозволено да имаат профили на социјалните мрежи, но им е забрането да разговараат за фудбалот.
Џакомели во неговиот роден град Трст има кафуле, а медиумите наведоа дека на „Фејсбук“ ја користел сликата на Тоти која била фотографирана на натпревар на Рома за реклама на неговиот објект.
Истрагата на Фудбалскиот сојуз на Италија не се однесува на тоа дека Џакомели е активно пристрасен, туку дека само ги прекршил правилата со коишто се регулира употребата на социјалните мрежи.
И покрај сето тоа, Џакомели ќе биде на натпреварот од Купот на Италија оваа недела меѓу Аталанта и Сасуоло, каде што ќе биде задолжен за технологијата ВАР.

Најнови вести