Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
29.5.2018

Де Вриј во Интер како слободен играч

Потврден е трансферот на холандскиот одбранбен фудбалер од Лацио кој се сели во Милано.

На коло пред крајот на италијанската Серија А се знаеше дека стоперот на Лацио Стефан Де Вриј ќе прејде во Интер.
Токму овие два тима играа во последното коло во решавачки меч за пласман во Лигата на шампионите. Де Вриј направи пенал кој го реализираше Икарди и најави пресврт за пласман во Лигата на шампионите  наместо Лацио со победата од 3-2.
Трансферот ги расипа односите на двата клуба, иако договорот на Де Вриј со Лацио истекува на 30 јуни.
Де Вриј го потврди трансферот во кампот на репрезентацијата на Холандија.
„Мислам дека во Интер можам повеќе да напредувам“, изјави Де Вриј кој ќе потпише петгодишен договор.
Според последните информации Интер ги одбил понудите на двата клуба од Манчестер во висина од 60 милиони евра за словачкиот стопер Милан Шкринијар. Словакот минатото лето дојде од Сампдорија за три пати помала сума од понудената.

Најнови вести