Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2018

Милан го напаѓа Лондон, Русите се надеваат на ладните температури

Се ближи завршницата на Лигата на Европа, едно место води во Лигата на шампионите, а осминафиналето е повеќе од добар репер кој би можел најмногу да се надева на тоа.

Вечерва на програмата се реванш-натпреварите, а најинтересно ќе биде во Лондон, каде што Милан ќе гостува кај Арсенал, како и на крајниот исток, каде што Атлетико, Лацио и Салцбург ќе имаат дополнителен непријател – температура под нулата.
Во дербито на рундата, Арсенал со 2-0 во Милан ќе биде главен кандидат за освојување на трофејот, кој единствено може да му донесе пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.
По серијата очајни резултати, тимот на Арсен Венгер заблеска на „Сан Сиро“ против екипата која беше во фантастична форма.
Доколку „топчиите“ бидат на тоа ниво и на „Емирати“, не само што рутински ќе дојдат до четврт-финалето, туку и ќе им покажат на нивните конкуренти дека тие всушност ќе го имаат главниот збор во борбата за титулата.
Резултатски најлесна работа ќе има Атлетико Мадрид, има три гола предност против Локомотива, но Русите целосно се поинаков тим на нивниот терен во Москва, посебно на температура под нулата, која напладне изнесува -2.
Резултатот 3-1 во Билбао ќе го брани Олимпик од Марсеј, додека Спортинг би требало да има премногу проблеми во П’лзењ по 2-0 во Лисабон.
Исклучително интересно ќе биде во Киево, каде што со резултатско заостанувањето од Рим ќе дојде Лацио. Во необичниот натпревар на „Олимпико“, Динамо се избори за 2-2.
Лајпциг ,малку неочекувано, во првата средба на домашен терен го совлада Зенит со 2-1, а со оглед на играта на екипата на Роберто Манчини во Премиер лигата последните седмици, тоа би можело да биде доволно за понатамошен пласман.
Германците од пријатните осум степени во нивниот град, ќе одат на -7 во 14 часот по локално време во Санкт Петербург.
Третиот руски тим, ЦСКА ќе го брка заостанувањето од еден гол во Лион, а тешка работа ќе има и Борусија Дортмунд, која ја надигра Салцбург со 2-1 пред „Жолтиот ѕид“.

Најнови вести