Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2013

Де Зеу на заем од Спартак во Андрелехт

Деми де Зеу, 29-годишниот холандски интернационалец и фудбалер под договор со Спартак од Москва, до крајот на сезоната ќе игра на заем во белгискиот гигант Андерлехт.

Андерлехт на крајот на сезоната ќе има можност да му го откупи договорот на овој фудбалер, кој собра 27 настапи во дресот на репрезентацијата на Холандија, а притоа не постигнувајќи ниту еден погодок.
На Де Зеу Андерлехт му е петти клуб во кариерата, по Гоу ахед иглс, АЗ Алкмар, Ајакс и Спартак Москва, во којшто пристапи летото 2011 година.
Доаѓањето на Де Зеу ги засилува шпекулациите дека Андерлехт во јануарскиот преоден рок ќе го продаде 26-годишниот аргентински репрезентативец Лукас Билја, дефанзивниот играч за врска, кој наводно е цел на лондонскиот Арсенал.

Најнови вести