Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
13.9.2018

Семејството му го „расипа“ трансферот на Џон Тери во Русија

Ветеранот сепак реши да не ја прифати понудата од Спартак Москва.

Легендата на Челзи, Џон Тери, сепак нема да потпише за рускиот прволигаш Спартак Москва. Иако беше речиси договорено Тери да игра во Спартак една година, сепак тој се премисли. Ветеранот минатата недела ги помина и лекарските прегледи, но кога требаше да отпатува за Москва, ги смени плановите. 
Семејството на Тери било против овој трансфер, а Џон во последен момент се решил да ги послуша. 
„Откако внимателно размислив, решив да не ја прифатам понудата која ми ја даде Спартак. Сакам да се заблагодарам на довербата која ми ја дадоа и да му посакам сè најубаво на клубот и на нивните навивачи. Тоа е амбициозен клуб, со голем професионализам. Сепак, откако ја согледав ситуацијата, со моето семејство проценивме дека не треба да го прифатам овој договор“, објасни Тери. 
Некогашниот англиски репрезентативец останува слободен играч, откако во мај го раскина договорот со Астон вила.

 

Најнови вести