Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2017

Реал Сосиедад лесно Розенборг, Ница убедлива со Цулте-Варегем

Реал Сосиедад оствари убедлив триумф од 4-0 против Розенборг, а екипата на Ница го совлада Цулте-Варегем со 5-1.

Во натпреварот од групата Л, Реал Сосиедад оствари убедлив триумф - пред неговата публика со 4-0 го совлада Розенборг. Двата гола за Шпанците ги постигна Диего Љоренте (9,77), стрелец на еден гол беше Зурутуза (10), додека на натпреварот имаше и автогол (Скјелвик 41).
Во групата К, екипата на Ница со 5-1 го совлада Цулте-Варегем. Францускиот тим натпреварот го реши во првото полувреме, кога за краток временски период постигна три гола. Два пати погоди Плеа (16,20), додека еднаш стрелец беше Данте (28). Во продолжението на натпреварот, Сент-Максимин и Балотели постигнаа по еден гол. Единствениот гол за домашната екипа го даде Лејали (46).
Во другиот натпревар од групата играа Витесе и Лацио, а италијанскиот клуб славеше со 3-2. Римјаните губеа на полувремето со 1-0, но потоа направија пресврт и заслужено стигнаа до триумфот.
Стрелци за Лацио беа Пароло (51), Имобиле (67), Мурџа (75), додека за холандскиот клуб головите ги постигнаа Матавж (33) и Линсен (57).

Најнови вести