Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2018

Ужасен старт и суспензија на седум натпревари

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Холандија го дисквалификува Михел Крамер, напаѓачот на Спарта од Ротердам, на седум натпревари.

Крамер со нога намерно го удри Александер Бутнер, дефанзивниот играч на Витесе, кој од 2012 до 2014 година беше играч на Манчестер јунајтед.
Дваесет и деветгодишниот играч на Спарта доби директен црвен картон и за него сезоната е завршена.
Инцидентот се случи во последните моменти на првото полувреме, кога резултатот беше 3-0, а натпреварот беше завршен со триумф на Витесе со 7-0.

Најнови вести