Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2012

Хавенар потпиша за Витесе

Мике Хавенар, репрезентативецот на Јапонија, потпиша две и полгодишен договор со холандскиот клуб Витесе.

Дваесет и четиригодишниот напаѓач дојде од редовите на Кофу, кој оваа сезона испадна од елитата, а за него годинава тој постигна седумнаесет погодоци.

Хавенар тука ќе му се приклучи на својот сонародник Мичихиро Јасуда, така што јазикот нема да му биде проблем.

„Со Мичи се знам многу одамна, од мојата шеснаесетта година. Имав време да се запознам со играчите. Со нив не можам да зборувам холандски бидејќи не го знам јазикот, но зборувам англиски. Имам време да го научам јазикот. Со тоа што тука имам свој сонародник ќе ми биде многу полесно да се прилагодам на новиот клуб“, рече Хавенар.

Тој на својот грб ќе го носи бројот 14, којшто го носеше Јохан Кројф, легендата на холандскиот фудбал.

Најнови вести