Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2015

Кројф: Срамна игра на Холандија

Легендарниот холандски фудбалер Јохан Кројф го критикуваше тимот на Гус Хидинк поради лошата игра против Турција во квалификациите за Европското првенство 2016 година.

Холандија во саботата на свој терен одигра нерешено (1-1), и тоа со голот на Клас-Јан Хунтелар, кој во судиското продолжение го пренасочи шутот на Весли Снајдер и со тоа не дозволи да биде поразен неговиот тим.
„Холандија беше срамна и очајна против Турција. Никој не ја работеше својата работа. Одбраната им додаваше на играчите од средината на теренот, а тие ја враќаа топката назад. Играта ја диктираа фудбалери со малку креативност. Тоа е нешто што ниту еден тренер не го сака“, изјави Кројф во колумната за „Де Телеграф“.
Тој додаде дека едукацијата е главен проблем во холандскиот фудбал, посебно на тренерот.
„На сите им е јасно каде се наоѓа националниот тим, со оглед на квалитетот на домашната лига и партиите на холандските клубови во Лигата на шампионите. Проблеми има на сите страни и се прашувам кога конечно ќе се разбудиме“, изјави Кројф.
Холандија по петте одиграни натпревари, се наоѓа на третото место во групата А, само со седум освоени бодови, шест помалку од првопласираната Чешка.

Најнови вести