Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Бабунски си замина од Јокохама маринос

Давид Бабунски ја заврши одисеjата во јапонскиот клуб Јокохама маринос, а разделбата со прволигашот е со взаемна спогодба

Давид Бабунски не добиваше шанса да игра за Јокохама маринос и одлучи да го напушти јапонскиот прволигаш. Можно е и следната дестинација, односно клуб за којшто ќе игра нашиот репрезентативец да биде од Јапонија, а има варијанти и за враќање во Европа. Момчето кое потекнува од „Ла Масија“, позната фудбалска школа на Барселона, имаше одлична прва сезона во Јокохама лани, но во новиот шампионат не доби шанса да игра, па одлучи да си замине.
Бабунски има играно и за Црвена ѕвезда, клуб во кој направи трансфер во 2016 година по 10-годишен престој во Барселона. Од редовите на белградските „црвено-бели“ се пресели во Јокохама.

 

 

 

Најнови вести