Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
29.6.2018

Мина ѝ го донесе првото место на Колумбија, Сенегалците испаднаа заради ферплеј

Колумбија го совлада Сенегал во последното коло од групата Х и како првопласирана се пласира во осминафиналето, додека африканската репрезентација е елиминирана поради поголемиот број жолти картони во однос на Јапонија.

Јунак на Колумбијците кои од 30-тата минута играа без повредениот Џејмс Родригес беше стоперот на Барселона Јери Мина кој ја погоди мрежата по еден одличен скок дуел и удар со глава во 74-тата минута.
Истовремено Јапонците стигнаа до втората фаза на историски начин и покрај поразот од Полска со ист резултат затоа што имаа два жолти картони помалку во однос на Сенегалците – 6:4.
Важноста на резултатот го направи своето па натпреварот не  беше квалитетен, иако можеше да отиде во друг правец доколку не беше ВАР системот. 
Судијата Мажиќ покажа на белата точка по еден старт на Санчез над Мане, но по прегледувањето на снимката ја поништи својата одлука.
Во продолжението составот на Хозе Пекерман ја имаше иницијативата свесна дека моменталниот резултат не им носи пласман во осминафиналето.
Колумбијците продолжија со нападите и тоа конечно им се исплатеше по корнерот кој го изведе Хуан Кинтеро, а одбранбениот фудбалер на Барселона го постигна својот втор гол со глава на овој Мундијал.
Сенегалците имаа шанса да дојдат до израмнување, но Мане не ја искористи најдобро шансата и Оспина одлично реагираше.

Најнови вести