Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2018

Мартинез: Ќе биде тешко, Јапонците знаат што треба да направат

Белгија и Јапонија ќе се сретнат во 20 часот во Ростов, а европската селекција по трите победи во групната фаза има улога на фаворит кој може да стигне до самата завршница.

„Овој јапонски тим покажува дека има доволно искуство, многу играчи кои долго играат во големите европски лиги. Тие знаат што е потребно да се добие натпревар од ваков калибар. Тоа е група на фудбалери која знаат што прави. Очекувам многу тежок натпревар“, изјави селекторот на Белгија Роберто Мартинез.
Белгија и Јапонија досега играле пет пат, „црвените ѓаволи“ победиле само еднаш, двапати било нерешено, а два пати подобра бил азиската селекција. На Мундијалите се сретнаа само еднаш, во групната фаза во 2002 година кога беше 2-2.
Мартинез сепак смета дека и неговата екипа е во добра форма.
„Моите играчи имаат одлична енергија и капацитет да се постават добро на теренот многу брзо. Тие се ментално и физички во одлична ситуација. Имам чувство дека се желни да бидат на теренот. На овој натпревар ќе му пристапиме најсериозно“, додаде шпанскиот стручњак на клупата на Белгија.
Во тимот на Белгија по полесната повреда на скочниот зглоб се враќа најдобриот напаѓач Ромелу Лукаку, а во конкуренција ќе биде и Винсан Компани.
Подобриот од дуелот Белгија – Јапонија во четвртфиналето ќе игра со победникот на натпреварот Бразил – Мексико.

Најнови вести