Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2018

Епски пресврт на Белгија против одличната Јапонија

Јапонија беше на чекор до нова сензација на Мундијалот, водеше со 2-0 и беше пред прв пласман во четврт-финалето во својата историја, но против Бразил ќе игра европската репрезентација.

„Ѓаволите“ успеаја да се извлечат од бездната и поразот да го претворат во голема победа. Јапонија поведе во 48-ата минута по една брза контра на Јапонците.
Хасебе ја освои топката од Азар и му ја додаде на Шибазаки кој веднаш ја прати на противничката половина. Вертонген не реагираше најумешно и ја пропушти топката, Харагучи ја прифати и со прецизен удар од десната страна ја погоди спротивната страна на голот на Белгија.
Белгијците брзо возвратија, но ударот на Азар заврши во гредата.
Додека Белгија полека се будеше од шокот, следеше нов удар на „самураите“. Инуи ја прифати топката на 20 метри пред голот на Куртоа, Вицел не го блокираше, Јапонецот шутираше силно и го погоди голот покрај левата града и немоќниот Куртоа.
Пресвртот го почна Вертонген кој ненамерно со глава од 12-ина метри го лобуваше Кавашима иако се чинеше дека имаше намера да ја врати топката пред голот.
На 2-2 израмни Фелаини кој беше највисок на теренот и го искористи центаршутот на Азар и со глава го совлада јапонскиот голман.
Во продолжението и двете репрезентации имаа шанси да постиoгнат гол, но и двајцата голмани одлично го бранеа својот гол.
Завршниот удар го зададе Белгија во втората минута од судиското продолжение. Хонда одлично изведе слободен удар од 30 метри, Куртоа не ризикуваше и ја одби топката во корнер.
Јапонците лошо го организираа изведувањето на корнерот и следеше брз контра напад. Лукаку го проигра Мојние, тој ја врати топката до Чадли кој од три метри ја погоди мрежата на Јапоницте за конечни 3-2.

Најнови вести