Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2018

Мбапе: „Не ми е гајле за Златната топка, го сакам Светскиот куп“

Килијан Мбапе, младиот напаѓач на Франција, не се грижи за индивидуалните награди, сака само да стане светски шампион.

Франција вчера се пласира во финалето на Светското првенство, каде што во недела ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Англија и Хрватска.
Мбапе на Мундијалот во Русија стана прв тинејџер од Пеле кој постигна повеќе од еден гол на турнирот, но не го интересира потенцијалната Златна топка.
„Ова е незамисливо. Ова е животен сон, иден живот, сè. Немам збор. Ниту во најголемите соништа не сум можел да замислам, а јас сум голем сонувач. Но остана уште еден чекор. Кога не мамиш и работиш за колективот, тогаш ќе бидеш награден. Додека можам да му помогнам на тимот, само тоа ми е важно. Не ми е гајле за Златната топка, го сакам Светскиот куп“, изјави Мбапе.

Најнови вести