Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2015

ГН на Јапонија: Тежок инцидент на Квјат, најбрз Мерцедес

Младиот руски возач Данил Квјат имаше сериозен инцидент на квалификациите за Големата награда на Јапонија на патеката во Сузука.

Тој во еден свиок ја загуби контролата и со голема брзина се заби во заштитната ограда, а потоа и се преврти, но за среќа возачот на Ред Бул помина без сериозни повреди и ќе биде подготвен за утрешната трка.
Публиката во еден момент се загрижи кога виде дека скоро ништо не остана од болидот, но Квјат набрзо излезе од уништеното возило.
Тимот на Ред Бул ќе има тешка задача да го оспособи болидот на Квјат до утре во 7 часот кога стартува трката во Јапонија.
Пол позицијата ја освои возачот на Мерцедес Нико Розберг, втор е неговиот клупски колега и водечкиот во генералниот пласман Луис Хамилтон, а на третата позиција е Валтери Ботас од Вилијамс.
По нив следуваат Себастијан Фетел од Ферари, Фелипе Маса со Вилијамс, Кими Рајконен (Ферари), Роман Грожан и Серхио Перес (Форс Индија), Данил Квјат (Ред Бул).
Во генералниот пласман Хамилтон има 252 бода, Розберг 211, Фетел 203, Раиконен 107, Ботас 101, Маса 97.

Најнови вести