Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2014

Двојна круна за Гамба Осака

Гамба Осака ја освои двојната круна во Јапонија откако по освојување на титулата во првенството триумфираше и во Купот.

Гамба во финалето на Емперор куп славеше против Монтедио Јамагата со 3:1 (2:0) и на тој начин повратничката сезона во елитата ја круниса со два трофеја.
Ова е прва двојна круна за тимот од Осака, а трет Куп во историјата на клубот кој е основан 1980 година.
Осака до трофејот стигна со головите на двојниот стрелец Такаши Усами и Бразилецот Патрик. Почесниот гол за второлигашот го постигна Перуанецот Ромеро Франк. 

Најнови вести