Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2012

Мексико со златото на фудбалскиот турнир

Репрезентацијата на Мексико го победи Бразил во финалето на олимпискиот турнир во фудбал со 2-1, а трета беше репрезентацијата на Јужна Кореја која во „малото финале“ ја победи Јапонија со 2-0.

Мексико им го нанесе првиот пораз на Бразилците на овој турнир и ги остави без златен медал на Олимписките игри. Мексиканците поведоа уште во првата минута преку Пералта и во остатокот на мечот се концентрираа на одбрана на својот гол.
Бразилците правеа шанси, но не постигнаа гол, а во 75 минута со уште една контра Пералта го зголеми водството. Хулк во финишот ги врати надежите за Бразил дека можат да стигнат до продолженија, но Мексиканците се одбранија и стигнаа од златниот медал на Олимписките игри.
Во„малото финале“ Јужна Кореја со головите на Парк во 38 и Ко во 57 минута ја победи Јапонија со 2-0 и го освоија бронзениот медал.

Најнови вести