Корисничко име Лозинка Пријави се
15.10.2014

Нејмар: Не знаев дека можам вака

Бразилецот Нејмар изјави дека се наежил откако постигнал четири голови за Селесао пред 55.000 гледачи во Сингапур против Јапонија.

Ѕвездата на Барселона со тоа стигна до 40-тиот гол за Бразил, па е петти на вечната листа, со 37 голови зад рекордерот Пеле.
„Беше возбудливо, се наежив. Не знам која ми е границата. Никогаш не сум помислил дека можам да направам вакво нешто за репрезентацијата. Му благодарам на Бога за тоа“, изјави Нејмар.
Тој посебно го пофали селекторот Карлос Дунга, кој го посоветува пред натпреварот со Јапонија.
„Ни рече дека најдобро ќе искажеме почитување кон противникот ако го победиме, и тоа го направивме. Барав голови, не за индивидуален успех туку за да им помогнам на соиграчите и на Бразил“, додаде Нејмар.

Најнови вести