Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2016

Болт постигна историски трипл-трипл и освои нов златен медал

Јусејн Болт, најбрзиот човек на планетата, ја предводеше штафетата на Јамајка на 4x100 и стигна до златото на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Болт стигна до историски трип-трипл, тој победи на 100 метри, на 200 метри и на 4x100 метри на три последователни Олимпијади, во Пекинг во 2008 година, во Лондон во 2012 и оваа година во Рио де Жанеиро.
Болт утрово ја предводеше штафетата на Јамајка на 4х100 метри до првото место со време од 32.27 секунди за деветтиот златен медал и одличен крај на олимписката кариера.
Сребрениот медал го освои штафетата на Јапонија со време од 37.60 секунди.
На третото место завршија атлетичарите на САД со време од 37.62 секунди, но бронзата им беше одземена бидејќи палката ја предадоа надвор од зоната за размена, па медалот го доби штафетата на Канада, која истрча за време од 37.64 секунди.

Најнови вести