Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2013

Младиот Холанѓанец Ван Гинкел ново засилување на Челзи

Марко ван Гинкел, талентираниот 20-годишен холандски фудбалер за врска, е ново засилување на актуелниот победник на Лигата на Европа, Челзи.

Ван Гинкел минатата сезона постигна осум голови во холандското првенство и е избран за најдобар млад фудбалер на годината, а неговиот учинок му помогна на Витесе, сега веќе негов поранешен клуб, да заврши четврти на табелата.
За сениорската екипа на холандската репрезентација дебитираше во ноември минатата година, во натпреварот против Германија во Амстердам, а во Челзи ова лето ќе биде второ засилување под новиот менаџер Жозе Мурињо, по Андре Ширле, кој стигна од Баер Леверкузен.
Иако клубовите веќе го потврдија трансферот, Ван Гинкел и официјално ќе стане играч на Челзи откако ќе го заврши лекарскиот преглед. Се верува дека „сините“ на Витесе ќе му платат оштета од околу осум милиони евра.

Најнови вести