Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2012

Бутнер ново засилување на Манчестер јунајтед

Холандскиот 23-годишен фудбалер Александер Бутнер е ново засилување на Манчестер јунајтед. Доаѓа од Витесе за оштета од четири милиони фунти, игра на позицијата лев бек, а потпиша петгодишен договор.

„Александер е еден од најдобрите играчи на позицијата лев бек во Европа и воодушевени сме што потпиша договор за нас. Него го следевме веќе подолго време. Неговото доаѓање ни дава навистина возбудлива опција на таа позиција“, рече Алекс Фергусон, менаџерот на Манчестер јунајтед.
Бутнер денот кога потпиша за Манчестер јунајтед го опиша како најсреќниот во животот, а во редовите на „црвените ѓаволи“ ќе биде покрај искусниот Французин Патрис Евра.
Холанѓанецот му е четврто засилување ова лето на клубот од „Олд Трафорд“, по Шинџи Кагава, Ник Пауел и Робин ван Перси.

Најнови вести