Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2013

Свонси за рекордна отштета го донесе првиот стрелец на холандската лига

Премиерлигашот Свонси го направи највисокиот трансфер во клупската историја и за 14 милиони евра од холандскиот Витесе го доведе Вилфред Бони.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска потпиша четиригодишен договор со велшкиот клуб кој во следната сезона ќе игра во Лигата на Европа. Бони одбил неколку други понуди од Англија, Франција, Украина, Русија и од Обединетите Арапски Емирати.
„Верувам дека ова е вистински чекор за мене. Го избрав Свонси затоа што игра сличен фудбал каков што се игра во Холандија, има одличен менаџер во Микаел Лаудруп и затоа што вака добивам шанса да играм во Премиер лигата“, изјави дваесет и четиригодишниот фудбалер.
Бони минатата сезона беше прв стрелец во холандскиот шампионат со дури 31 гол на 30 натпревари, а во Витесе дојде во јануари 2011 година од Спарта Прага.

Најнови вести