Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2018

Фер и Бони го пропуштаат остатокот од сезоната

Лерој Фер и Вилфрид Бони, фудбалерите на Свонси, ќе го пропуштат остатокот од сезоната поради повреда, соопшти велшкиот клуб.

Во вчерашниот натпревар против Лестер (1-1) Фер ја скина Ахиловата тетива, а Бони ги повреди лигаментите на коленото.
Свонси во соопштението наведе дека на двајцата ќе му биде извршена операција, Свонси се бори за опстанок во Премиер лигата, се наоѓа над линијата, на 17-тото место на табелата со 24 бода, колку што имаат и Стоук и Хадерсфилд во зоната за испаѓање.
На последното место се наоѓа Вест Бромич албион со 20 освоени бода.

 

Најнови вести