Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2018

Свонси го ангажира досегашниот тренер на Естерсунд

Фудбалскиот клуб Свонси го ангажира Греам Потер, поранешниот тренер на Естерсунд, за нов менаџер.

Свонси, кој испадна од Премиер лигата, соопшти дека четириесет и тригодишниот Англичанец потпишал тригодишен договор со велшката екипа.
Потер на клупата на Свонси ќе го замени португалскиот тренер Карлос Карвалјал, кој го напушти клубот на крајот на сезоната.
Греам Потер во Естерсунд беше од 2010 година, со кого минатата сезона го оствари најголемиот успех во историјата на клубот со пласманот во шеснаесетфиналето на Лигата на Европа, каде што беа поразени од лондонскиот Арсенал.

Најнови вести