Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2016

Свонси го смени Гвидолин, Бредли нов менаџер

Италијанскиот стручњак Франческо Гвидолин е сменет од местото менаџер на Свонси, а негов наследник е досегашниот тренер на Авр, Американецот Боб Бредли.

Во првите седум кола „лебедите“ освоија само четири бода, па разделбата со некогашниот тренер на Удинезе и на Парма е сосема логична.
Неговиот наследник Боб Бредли има 58 години, а пред Авр, ги водеше: норвешкиот Стабек, репрезентациите на Египет и на САД, како и неколку клубови во татковината.
Хув Џенкис, претседателот на Свонси, изјави дека е разочаран што дошол крајот на соработката со Гвидолин.
„Заслужи шанса по работата што ја заврши минатата сезона, но, за жал, не успеавме да продолжиме со истите партии од крајот на минатата сезона. Почувствувавме дека ни е потребна промена за да направиме пресврт на работите“, изјави Џенкис и додаде:
„Воодушевени сме што Боб прифати да дојде кај нас, тој е искусен тренер, свесен е за нашата фудбалска филозофија и ќе ни пружи лидерски квалитети и верба дека можеме да бидеме конкурентни на ова ниво“.
Новиот менаџер нема да има лесна работа на дебито, во сабота Свонси гостува кај Арсенал во Лондон.

Најнови вести