Корисничко име Лозинка Пријави се
27.5.2013

Ван Гинкел прво засилување на Челзи

Младиот холандски фудбалер Марко ван Гинкел ќе биде прво засилување на Челзи од Лондон во летниот преоден рок.

Како што објавија англиските медиуми, 20-годишниот фудбалер од средината на теренот е еден од најголемите таленти на холандската лига.
Тој, за разлика од поголемиот број млади играчи кои доаѓаат во Челзи, нема да биде испратен на заем во некој друг клуб.
Ван Гинкел минатата сезона за Витесе одигра 33 натпревари и постигна осум голови.
За младиот национален тим на Холандија одигра 11 натпревари и постигна три погодоци. За сениорската репрезентација дебитираше минатата година.

Најнови вести