Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2012

Фред Рутен нов тренер на Витесе

Холандскиот стручњак кој беше без ангажман последните месеци, Фред Рутен, доби нова работа и во следната сезона ќе го води холандскиот прволигаш Витесе од Арнхем.

Четириесет и деветгодишниот тренер потпиша едногодишен договор и во сезоната што следи ќе го води клубот во првенството, во Купот на Холандија и во Лигата на Европа.
Витесе минатото првенство го заврши на седмата позиција, но во борбата за пласман во Лигата на Европа беше подобар од Валвијк. Тимот претходно го водеше Јон ван ден Бром кој летово го презема белгискиот Андерлехт.
Во март Рутен беше сменет од местото прв тренер на ПСВ, кого го водеше од 2009 година. Претходно, од 2006 година работеше како тренер во Твенте и во германскиот бундеслигаш Шалке.

Најнови вести