Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2012

Јансен од Ајакс во Витесе

Тео Јансен, поранешниот 31-годишен холандски фудбалски репрезентативец, ги напушти редовите на Ајакс и се врати во Витесе, клубот во којшто ја почна кариерата.

Искусниот играч за врска потпиша тригодишен договор со клубот од својот роден град Арнем, а Ајакс ќе добие 600.000 евра оштета. Јансен минатото лето дојде во Ајакс од Твенте и му помогна на патот до втората последователна титула. Но во меѓувреме го изгуби местото во стартната постава, што го натера на одлука да го напушти Амстердам.
Јансен е производ на фудбалската академија на Витесе, а за сениорската екипа играше од 1998 до 2008 година, со краткотраен заем во Генк.
„Среќен сум што трансферот конечно е реализиран. Во годините што следуваат сакам повторно да бидам важен играч на Витесе“, рече Јансен, кој во кариерата забележа пет настапи за „лалињата“.

Најнови вести