Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2017

Давинсон Санчез претставен во Тотенхем

Давинсон Санчез, дефанзивниот играч на Ајакс, направи трансфер во Тотенхем за сума од 42 милиони фунти, што претставува нов клупски рекорд, по претходниот на Муса Сисоко, кој минатото лето за 30 милиони фунти дојде од Њукасл.

Младиот колумбиски дефанзивен играч е второто засилување на Тотенхем, откако лондонскиот клуб завчера го доведе Пол Газанига,вториот голман на Саутхемптон. Дваесет и едногодишниот Санчез потпиша шестгодишен договор.
„Пресреќен сум што сум тука бидејќи Тотенхем е голем клуб, не само во Англија туку и во Европа. Ова е огромен чекор во мојата кариера, ќе дадам сè од себе да продолжам да се развивам како фудбалер и да остварам големи достигнувања со овој клуб“, изјави Санчез.
Санчез одигра само една сезона во Ајакс. Тој со холандскиот клуб потпиша договор на пет години, но немаше добри партии, па сега повторно ќе ја смени средината само по една година. За Ајакс одигра вкупно 46 натпревари, вклучително и финалето на Лигата на Европа против Манчестер јунајтед.

Најнови вести