Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2018

ЛШ: Ајакс подобар од Штурм, Селтик славеше со пресврт

Фудбалерите на Ајакс и Селтик остварија победи во натпреварите од второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите.

Ајакс триумфираше против Штурм од Грац со резултат 2-0 (1-0) и со сигурна предност сега ќе оди во Австрија на реваншот.
Првиот гол го постигна Зијех во 13-тата минута, а Шоне во 57-мата минута од натпреварот не го погоди пеналот, но потоа налета на одбиена топка и го постави конечниот резултат на дуелот.
На Селтик не му беше сеедно сè до самиот крај на првото полувреме, но успеа да го совлада норвешкиот Розенборг со 3-1.
Гостите поведоа во 16-тата минута со голот на Мелинг, но Едуард, напаѓачот на Шкотланѓаните, изедначи на две минути пред истекувањето на регуларниот дел од првиот дел од играта.
Нчам на самиот старт од второто полувреме ѝ донесе водство на својата екипа, а конечните 3-1 ги постави повторно Едуард со голот во 75-тата минута.
Во останатите натпревари се случи нешто невообичаено, не беше постигнат ниту еден гол.

Квалификации за Лигата на шампионите, второ коло:
Среда:
БАТЕ Борисов – Хелсинки 0-0 (0-0)
Кукеши – Карабаг 0-0 (0-0)
Лудогорец – Видеотон 0-0 (0-0)
Ајакс – Штурм 2-0 (1-0)
Селтик – Розенборг 3-1 (1-1)

Најнови вести