Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2017

Вицешампионот на Лигата на Европа нов тренер на „милионерите“

Борусија Дортмунд на крајот на мај го раскина договорот со Томас Тухел, а на негово место е доведен Петер Бос, кој го водеше Ајакс до финалето на Лигата на Европа.

Бос (53) потпиша договор на две години и до 2019 ќе биде на клупата на „жолто-црните“. Неговиот претходник во Борусија беше, исто така, две години.
Петер Бос со Ајакс беше поразен во финалето на Лигата на Европа од Манчестер јунајтед со 2-0, а на клупата на холандскиот гигант го замени Франк де Бур на почетокот на минатата сезона.
Едвин ван дер Сар, директорот на Ајакс, изјави дека по повод трансферот му се измешани чувствата.
„Кога Петер го доведовме минатото лето во Ајакс, не ни беше намерата соработката да заврши само по една година. Одигравме одлична сезона, посебно во Лигата на Европа, но како и играчите, и тренерот го привлекува вниманието на клубовите од најсилните европски лиги “, изјави Ван дер Сар.

Најнови вести