Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2017

Ајакс има нов тренер

Најтрофејниот холандски клуб Ајакс има нов шеф на стручниот штаб - по заминувањето на Петер Бос во Дортмунд, на чело на тимот доаѓа досегашниот тренер на младиот тим на Ајакс, Марсел Кајзер.

Кајзер потпишал договор на две години, со опција за продолжување на соработката и во третата сезона.
Во минатата сезона во која четириесет и осумгодишниот стручњак го водеше вториот тим на Ајакс, стигна до второто место во Втората холандска лига.
„Имав одлични разговори со раководството на тимот и почувствував дека имаат доверба во мене. Добив фантастична прилика и ќе ја зграбам со двете раце“, изјави Кајзер за интернет страницата на клубот.
Кајзер е дете на Ајакс од генерацијата на Денис Бергкамп и останатите ѕвезди на холандскиот фудбал, но во сениорската кариера како фудбалер нема многу успеси. Одиграл само четири натпревари за холандскиот гигант, а потоа настапувал за Камбур, Де Графшап и Емен.
За доаѓањето на кормилото на тимот од Амстердам управата преговарала и со Луис ван Хал, а клубот пред неколку денови го засили повратникот, напаѓачот Клас-Јан Хунтелар.

 

Најнови вести