Корисничко име Лозинка Пријави се
17.6.2017

Евертон го донесе Дејви Класен

Евертон го комплетираше трансферот на Дејви Класен од Ајакс за 27 милиони евра, соопшти клубот од Ливерпул.

Холанѓанецот за екипата од Амстердам одигра 163 натпревари, постигна 49 голови, а освои три титули на домашниот шампионат.
„Многу тешко беше да се напушти Ајакс, но мислам дека ова е добар чекор напред за мене“, изјави Класен за интернет-страницата на Евертон.
„Карамелите“ почнаа многу офанзивно во преодниот рок, во четвртокот потпишаа со Џордан Пикфорд, голманот на Сандерленд.
Роналд Куман, менаџерот на Евертон, инсистирал на двата трансфера, а Класен изјави само пофални зборови.
„Тој е играч кој има само 24 години, но е полн со искуство и е лидер на теренот. Беше капитен на Ајакс две сезони и тоа покажува за какова личност станува збор“, изјави Куман.

 

Најнови вести