Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2011

Рајкард селектор на Саудиска Арабија

Франк Рајкард, поранешниот тренер на Барселона, и официјално е новиот селектор на репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Се очекува холандскиот стратег во четврток официјално да го потпише тригодишниот договор, од кого би требало да заработи единаесет милиони долари.

Саудиска Арабија е без селектор од јануари оваа година, кога испадна од Азискиот куп. Иако Фудбалската федерација на Саудиска Арабија потпиша договор со Рикард Гомес, тие набргу ја прекинаа соработката бидејќи не можеа да се договорат за личните услови на селекторот.

На Рајкард ова ќе му биде втора улога како селектор, откако меѓу 1998 и 2000 година седеше на клупата на Холандија. Потоа беше тренер на Спарта Ротердам, Барселона и Галатасарај, од каде замина минатата година.

Најнови вести