Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2011

Ворм нов голман на Свонси

Холандскиот голман Михел Ворм го напушти Утрехт и потпиша тригодишен договор со новиот премиерлигаш Свонси, јавија денес англиските медиуми.

„Разговарав со пријателите и сите, почнувајќи од Де Јонг, Ван дер Варт, Ван Перси и Ван Нистелрој ми кажаа дека Премиер лигата е одлична средина за секој фудбалер, Се работи за најголемото натпреварување на светот кое може да отвори многу можности за мене“, одушевен е Ворм од својот нов ангажман, по што додаде дека на клубот кој минатата сезона за првпат обезбеди елитен статус му претстои интересна и тешка сезона.

Висината на трансферот на вториот голман на холандската репрезентација е 1,5 милиони фунти, а 27 годишниот Ворм досега го бранеше голот на Утрехт и Ден Бош.

Најнови вести