Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Фирмино откри што мисли за идејата да заигра во Барселона

Бразилецот беше цел на каталонскиот гигант

Роберето Фирмино воопшто нема желба да го напушти Ливерпул и да се пресели во Барселона. Ова го откри самиот бразилскиот голгетер на англискиот премиерлигаш. Фирмино вели дека не планира да ги следи чекорите на Филипе Кутињо, кој од Ливерпул замина во Барселона. 
„Секој играч слушал за историјата на Ливерпул и што значи тоа. Сепак, никој не може целосно да го разбере тоа сè додека не заигра за Ливерпул. Одговорноста е голема и треба да се исполнат очекувањата на навивачите. Приоритет за нас е да ја освоиме титулата во Премиер лигата, но зошто да не бидеме уште подобри од лани во Лигата на шампионите“, вели Фирмино. 
Бразилецот заедно со Мохамед Салах и Садио Мане ја претставуваат ударната тројка во нападот на Ливерпул. Минатата сезона Фирмино даде 27 погодоци за тимот од „Енфилд роуд“.
Ливерпул синоќа со 2-0 славеше на гости кај Кристал Палас и, како уште пет други клубови, има максимални шест бода на стартот од новата сезона во Премиер лигата.

Најнови вести