Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2018

Спартак негира местење и корупција

Фудбалскиот клуб Спартак од Трнава ги негираше обвинувањата за местење натпревари и давање мито во текот на изминатата сезона, која ја заврши како шампион за прв пат по 45 години.

Истрагата околу тој случај е почната уште во декември минатата година, бидејќи се појавија докази за корупција и местење, пренесуваат словачките медиуми цитирајќи извори блиски на истрагата.
„Никој во Спартак или во неговата блиска околина немал никаква врска со какво било местење резултати или натпревари. Клубот остро ги негира таквите обвиненија и се дистанцира од тоа“, стои во соопштението на Спартак.
Од Фудбалскиот сојуз на Словачка објавија дека не можат да ја коментираат истрагата која е во тек.
Некои словачки медиуми објавија дека на еден натпревар на фудбалер од противничкиот тим му биле понудени 5.000 евра за да се погрижи неговата екипа да не го победи Спартак. Тој фудбалер, кој не е именуван, пријавил кај истражните органи дека добил понуда, поради што клубот покренал истрага пред да го преземат случајот владејачкото тело на словачкиот фудбал и полицијата.
Пред пет години, чешката и словачката полиција обвинија најмалку 19 лица за местење натпревари и илегално обложување на фудбалските натпревари, вклучувајќи ги и оние во елитното друштво.