Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2011

Елија го засили Јувентус

Дваесет и четиригодишниот холандски репрезентативец Елјеро Елија го напушти бундеслигашот Хамбургер и му се приклучи на најтрофејниот тим од Италија, Јувентус.

Од редовите на „старата дама“ и официјално е потврдено дека на Хамбургер му се исплатени девет милиони евра оштета, а со фудбалерот е потпишан четиригодишен договор.

Пред да бидат извршени медицинските прегледи над фудбалерот, неговата единствена изјава за италијанските медиуми беше: „Пресреќен сум“.

Црномурниот Холанѓанец игра на позицијата крилен напаѓач, а во кариерата пред Хамбургер настапуваше и за Ден Хаг и Твенте.

Најнови вести