Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2011

Куман даде отказ

Ервин Куман даде отказ од местото тренер на клупата на Утрехт, откако изјави дека не е задоволен од случувањата во клубот.

Постариот брат на Роналд Куман клубот го презеде во јули, а во текот на преодниот трансфер-рок ги загуби главните фудбалери Рики ван Волфсвинкел, Дрис Мертенс и Кевин Стротман.

Утрехт во наредниот период ќе го води помошникот на Куман, Јан Ваутерс, кој можно е во клубот да остане и до крајот на сезоната.

Екипата во моментов се наоѓа на десеттото место во холандското првенство, со дванаесет освоени бода од девет натпревари.

Најнови вести