Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
24.10.2017

Евертон го отпушти Куман – кој ќе дојде на „Гудисон парк“?

Англискиот клуб Евертон го отпушти Роналд Куман од местото менаџер на тимот по поразот од Арсенал со 5-1 минатиот викенд.

„Карамелите“ по девет одиграни кола во Премиер лигата, се наоѓаат во зоната за испаѓање, на делба од 15-тата до 18-тата позиција само со осум освоени бода.
Холанѓанецот го презеде Евертон пред 18 месеци, минатата сезона тимот го доведе до седмото место и до Лигата на Европа, но летоска потроши 140 милиони фунти на засилувања, а оствари само две победи.
Куман е веќе трет отпуштен тренер оваа сезона во Премиер лигата, по земјакот Франк де Бур (од Кристал палас) и Крег Шекспир (од Лестер сити).
Како потенцијални наследници на Куман се наведуваат: поранешниот менаџер Дејвид Мојс, Мануел Пелегрини, поранешниот стратег на Манчестер сити, потоа трофејниот Италијанец Карло Анчелоти, како и актуелните менаџери на Борнмут, Еди Хау, и на Барнли, Шон Дајш.
Евертон во следното коло гостува кај Лестер во недела.

Најнови вести