Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2017

Мертенс: Не бевме ние на почетокот

Дрис Мертенс, напаѓачот на Наполи, изјави дека е разочаран од Манчестер сити во третото коло од Лигата на шампионите, а најмногу од играта на неговиот тим.

Сити славеше со 2-1 во дербито на групата, во директниот судир за првото место, благодарение на двата гола во првите 15 минути.
„Не знам што се случи на стартот, не ја игравме својата вообичаена игра. Потоа се вративме и покажавме дека можеме да играме овде“, изјави Мертенс.
Тој на крајот на првото полувреме не го погоди пеналот кој можеше да му го олесни враќањето на Наполи во игра.
„Бесен сум поради тоа што не го погодив пеналот, знам дека морам подобро, а на ова ниво мораш да ја тресеш мрежата“, изјави Белгиецот, кој не доби шанса да се искупи иако неговиот тим доби уште еден пенал во продолжението.
„Дијавара имаше самодоверба, па тој момент му го препушти нему“, додаде напаѓачот на италијанскиот клуб.
Наполи падна на третото место во групата поради победата на Шахтар над Феенорд со 2-1, по пресвртот во Рортердам.
„Мораме да продолжиме, докажавме дека ако го играме својот фудбал, можеме да се бориме против секого. Сега се концентрираме на Интер во сабота“, изјави Мертенс.

Најнови вести